Секое утро посакајте им на вработените пријатен работен ден. Ова е толку мал гест, а придонесува за многу големи резултати. Со тоа, позитивно влијаете на вработените и ги поттикнувате да дадат се од себе во текот на работниот ден.

Секој сака да се почувствува пофален и признаен за работата. Професионалците требаат да знаат како да се издигнат над нивните чувства и да работат во насока на остварување на работните задачи. Како и да е, менаџерот, надзорникот или службеникот изучуваат лидерски вештини за да бидат што поомилени помеѓу вработените. Ако вработените ги сакаат менаџерите, тогаш ќе бидат целосно посветени на работата и на резултатите. Секој ќе настојува да ја зголеми продуктивноста и да стане што поомилен кај надредениот по ранг во компанијата.

Во продолжение неколку начини за создавање на добри работни односи, лојалност и приврзаност на работното место.

1.Внимавајте како стоите. Мажите практикуваат да стојат едни покрај други кога разговараат. Жените стојат лице в лице со соговорниците. Затоа, прилагодете го ставот на стоење според полот на вработениот.

2. Во мислите создадете слика за оној кому му се обраќате. Додека разговараат менаџерите најчесто мислат како изгледаат во очите на соговорникот. Тоа е погрешно. Најдобро е да не зборувате за вас и вашето искуство, туку да ги ислушате ставовите и размислувањата на другиот.

3. Избегнувајте да се допирате себе си кога разговарате и држете ги рацете мирно. Не играјте си со косата или накитот. Така оставате впечаток дека не ви е комфорна ситуацијата и дека ве заморува разговорот. Со тој гест, иако ненамерен, вработениот ќе мисли дека недоволно му посветувате внимание.

4. Смешкајте се додека зборувате. Прекрасно е да се смешкате кога го слушате соговорникот, но значително поуспешно е кога се смешкате додека зборувате со вашиот подреден по ранг во компанијата.

5. Зборувајте 20%, а слушајте 80% од времето. Дозволете им на луѓето да зборуваат за нивната омилена тема: за самите себе. Не прекинувајте го вработениот кога ви кажува за проблемите на работното место или дома. Кога ќе го прашате нешто, почекајте да заврши со одговорот и потоа поставете му го следното прашање. При слушање, не вклучувајте ја селективната перцепција, бидејќи можете да испуштите фрагменти од разговорот кои се навистина значајни за вас и кои лично би ве заинтригирале.

6. Не оставајте впечаток на супериорност. Вработените знаат дека сте главна фигура во компанијата, но не сакаат постојано да ги потсетувате на тоа. Вашите вработени ве респектираат и целосно ја признаваат вашата професионална доминација, но не сакаат да покажат потчинетост и понизност при контактите со вас. Имајте на ум дека ако покажете доминација, создавате револт кај нив и ве гледаат со презир. Така, нема да сакаат да соработуваат и стануваат ваши први непријатели. Не фалете се колку добро живеете, каде сте патувале и колку пари сте потрошиле. Тоа нека остане за дома, а на работа зборувајте само за обврските кои вработените треба да ги завршат. Ако постојано повторувате дека вие сте шефот, почитта ќе изостане и ќе се претвори во стравопочитување спрема менаџментот и вас.

7. Пофалбите за добро завршената работа нека бидат умерени и на место. Кога некој добро ќе ја заврши задачата, истакнете го како пример, но не премногу и не секаде. Преголемото одликување создава завист кај останатите вработени и ги револтира. Тоа направете го со заблагодарување или ракување, но не со подароци и слободни денови. Вработените во вас ќе гледаат работодавец кој не е пристрасен, туку умерен и принципиелен спрема сите вработени.

8. Секое утро посакајте им на вработените пријатен работен ден. Ова е толку мал гест, а придонесува за многу големи резултати. Со тоа, влијаете ентузијастички на вработените и ги поттикнувате да дадат с$ од себе во текот на работниот ден. Знаат дека мислите на нив и разбирате колку труд и напор вложуваат во остварувањето на целите на компанијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2024 05:28