Исчезнувањето на девојчето беше пријавено на 26 март, а беше утврдено дека била жртва на сообраќајна несреќа, но и монструозно злосторство од двајцата извршители кои нејзиното тело првично го фрлиле на дива депонија. Полицијата се сомнева дека едниот од осомничените телото потоа го префрлил на друга локација.
По десетдневната истрага уапсени се двајца работници на комуналното претпријатие од Бор, кои ја признале вината бидејќи беше утврдено дека со службено возило „фиат панда“ го удриле девојчето во близина на дворот од кој излегла, а потоа ја ставиле во багажникот, ја одвезле на депонија и го фрлиле телото.
Потоа беа уапсени таткото и братот на еден од осомничените поради сомнеж дека помогнале телото да се префрли на сè уште непозната локација.
Братот на едниот од осомничените во меѓувреме почина во полиција.
Потрагата по телото на девојчето продолжува, но засега без резултати и нови информации.