Од куќата на убиецот на Данка Илиќ на вешташење се однесени се лопати, мотики, моторна пила.
Дејан Драгијевиќ (50) минатата недела е уапсен под сомнение дека заедно со Срѓан Јаковиќ ја убиле малата Данка Илиќ. Полицијата наводно се сомнева дека телото на Данка можеби е дури и закопано на гробиштата.
Мајката на убиецот на Данка потврди дека полицијата им однела сомнителни работи од домот.
„Полицајците земаа ножеви, мотики, лопати, секири и моторна пила… Не знам што ќе прават, претпоставувам дека ќе сечат дрва“, изјави за медиумите Светлана Драгијевиќ.
Денеска е погребан Далибор Драгијевиќ, кој пред смртта требаше да биде на распит во просториите на Вишото јавно обвинителство во Заечар. Тој беше осомничен дека го прикрил делото и помагал да се сокрие телото на Данка Илиќ (2), која исчезна на 26 март во Бањско Поле во Бор. Уапсените признале дека со возило ја удриле Данка, потоа едниот од нив ја задавил, ја фрлиле на депонијата, а потоа телото го преместиле и телото засега не е најдено. Се појави снимка од дете во Виена кое личеше на Данка, по што убијците мислеле дека ќе се спасат и си размениле СМС порака со таква содржина.