Братот на убиецот на двегодишната Данка Илиќ пред да почине набројал 20 лажни локации за телото.

Далибор Драгијевиќ(40) од српскиот град Бор, кој почина ноќта меѓу 6 и 7 април во полициска станица, признал дека му помогнал на својот брат Дејан да се ослободи од телото на девојчето.

Српскиот портал Мондо пишува дека Далибор на полицијата ѝ набројал 20-тина локации на кои можело да се најде телото, но на тие места полицијата не пронашла ништо.

Данка исчезна на 26 март во Бањско поле во Бор кога отишла на семејниот имот со нејзината мајка Ивана и нејзиниот тригодишен брат. Девет дена се трагаше по девојчето, а потоа на 4 април за убиство беа осомничени двајца работници на ПУК „Водовод“ коби во полиција го признаа делото.

Срѓан Ј. и Дејан Драгијевиќ најпрво со службениот автомобил го удриле девојчето. Д.Д. потоа наводно го задавил девојчето, а потоа се ослободиле од телото кое досега не е пронајдено. Д.Д пред обвинителот го признал делото, додека С.Ј се бранел молчејќи.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2024 06:05