Три лица се повредени во судар на два трамваи што се случи денеска во Нов Белград, јавија српските медиуми.

Трамвај на линијата 9 удри во трамвај на линијата 7 на постојката кај раскрсницата на улиците „Јуриј Гагарин“ и „Душан Вукасовиќ“.

Меѓу повредените се две постари лица и едно дете.

Тие со Итна помош се пренесени во Клиничко-болничкиот центар Земун.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2024 19:57