Македонската женска тениска репрезентација ја совлада попладнево Грузија со 2-1 и утре ќе се соочи со Израел во дуелот за пласман на четвртото место во рамки на Втора Евроафриканска зона во Били Џин Кинг купот што се игра во Вилнус.

Македонската репрезентација го обезбеди триумфот над Грузија со две сингл победи, откако Стоилковска со 2:1 во сетови (6-1, 2-6, 6-3) ја совлада Кардава, а Ѓорческа беше поуспешна од Горгодзе. Дуелот имаше еден сет, кој и припадна на Ѓорческа со 6:1, а ривалката поради повреда го предаде мечот.

Во дуелот во двојки, кој немаше резултатска важност, Андова и Данева, беа поразени од Џаламидзе и Калашникова со 2-0 во сетови (6-0. 6-1).



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2024 23:42