Со дводневен турнир викендов во скопско Волково ќе биде отворена сезоната 2024 во прескокнување пречки со коњи.
Според натпреварувачкиот календар на Федерацијата на коњички спорт на Македонија денес ќе се одржи 1. коло од Купот на Македонија.
На програмата се шест натпревари во прескокнување на пречки во категориите Е*, А*, А**, Л* и М* и со височина на пречките од 0,6 до 1,3 метри и ширина до 1,3 м.
За утре е предвидено 1. Коло од Државното првенство со шест натпревари во класите А, А1, Б, Ц, Д и Д1 со височина на пречките од 0,70 до 1,30 м./ширина до 1.4 м.
Организатор на турнирот е коњичкиот клуб Бравадос.