За последните случувања во регионот со ескалација на кризата и општите негативни последици што произлегуваат, особено во мигрантското прашање, телефонски разговарале претседателот на Република Кипар Никос Христодулидис и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како што соопшти портпаролот на кипарската Влада Константинос Летибиотис, јави дописничката на МИА од Атина.

Христодулидис и фон дер Лајен разговарале и за можноста за обезбедување на дополнителен пакет финансиска поддршка за Либан за справување и со економските проблеми и за управување со миграцијата и се договориле заедно го посетат Либан.

Станало збор и за зголемениот број бегалци од Сирија кои по морски пат пристигнуваат на Кипар, што доведе кипарската Влада да одлучи прекинување на разгледувањето на барањата за азил за сите лица со сириско потекло и било договорено оваа тема да се разгледа и на претстојниот Европски совет на 17 и 18 април.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2024 14:52