Според Институтот за статстика, ИНСТАТ, во 2022 година во сообраќајни несреќи во Албанија животот го загубиле 164 лица или 59 лица на милион жители.
Оваа бројка е повисока од просекот на Европската унија од 46 жртви на милион жители, покажуваат податоците објавени од Евростат.
-Албанија е на шестото место, права е Романија, која го држи рекордот со 86 смртни случаи на милион жители, а најмал број на загубени животи во сообраќајни несреќи има во Шведска (22). Нема неодамнешни податоци за земјите од регионот, но претходните статистички податоци укажуваат дека нивниот број е помал отколку во Албанија, наведува Ора њуз.
Сепак, позитивно е тоа што бројот на жртви од сообраќајни несреќи во Албанија е значително намален во последните години.
Во 2022 година имало 164 смртни случаи, што е најниска бројка досега забележана од 2000 година, кога се пријавени 280. Во споредба со 2017 година, кога е забележан рекорден број на жртви, дури 384 изгубените животи се преполовени во 2022 година.
Според ИНСТАТ околу 70-80 отсто од сообраќајните несреќи се предизвикани од возачи. Младите од 25-34 години се генерално најневнимателни.