Поранешната пливачка Лора Маноду ќе биде првата од француските спортисти која ќе го носи олимпискиот факел откако утре свечено ќе биде запален во древната Олимпија, родното место на античките спортски игри, соопшти денеска Олимпискиот комитет на Грција.

Олимписката штафета потоа во следните 11 денови ќе мине низ копнениот дел на Грција и седум нејзини острови со помош ан 600 носители на факелот пред да им биде предаден на организаторите во Париз на 26 април.

Олимписката шампионка на 400 метри слободно од 2004 година Маноду ќе го преземе олимпискиот факел од грчкиот веслач Стефанос Дускос, освојувач на златен медал во Токио 2021 година, кој ќе биде нејзин прв носител во Олимпија.

Олимписките игри во Париз ќе траат од 26 јули до 11 август.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2024 04:09