Претседателката на Косово, Вјоса Османи, повика на посветеност на институциите во запирањето на родовото насилство.

Таа повика на „итно и по секоја цена“ стопирање на ужасните појави на убиства на жени во Косово, на панелот „Мислејќи за тебе“, во рамките на Форумот за жени, мир и безбедност.

- За жал, сите утрово се разбудивме со страшната вест за убиството на една жена од страна на нејзиниот сопруг. Оваа страшна појава што му штети на нашето општество и нашата земја, овој фемицид од извонредни размери мора да престане по секоја цена. Единствен начин да се запре е ако сите повторно се разбудиме како општество, како држава и како нација, посочи Османи.

Додека претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, порача дека мора да се консолидираат безбедносните и судските механизми за да се спречи фемицидот



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2024 18:39