Припадници на црногорското Специјално полициско одделение (СПО) по налог на Специјалното државно обвинителство утрово влезе во просториите на Агенцијата за спречување корупција (АСК).

Локалните медиуми јавуваат дека директорката на АСК, Јелена Перовиќ, заминала од агенцијата во придружба на полицијата и на својот адвокат, но засега не е познато дали е приведена.

Според неофицијални информации, службениците на СПО, меѓу другото, одзеле документација за наводна злоупотреба на службеното возило, а Перовиќ ја однеле да сведочи на претресот на нејзиниот службен автомобил БМВ, по што се вратиле во зградата на АСК.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2024 18:49