Во полн ек е расадопроиводството за новата реколта тутун. Расадувањето на новото производство се очекува за 15-тина дена.

Според Државниот земјоделски инспекторат планирањата за новата реколта се на ланското ниво за околу 26 000 тони тутун и се надеваат дека временските прилики нема да го преполоват родот.

-Производителите од земјава со отупните компании до 31 март склучија преку 29 000 договори за производство на околу 26 000 тони тутун. Планирањата се на минатогодишното ниво и рано е да се каже колку и како временските прилики ќе влијаат на родот. Лани, за жал, планираното производство речиси беше преполовено и се откупија околу 15 000 тони тутун, вели Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат.

Ниту од Сојузот на земјоделските здруженија не може да прогнозираат како ќе тече новато тутунопроизводство. Единствено што тутунарите бараат е исплатлива цена која ќе го опрвда и ќе го направи исплатливо производството на оваа стратешка култура.

Со договорите за новото пропизводство откупните компании ги понудија истите цени од што тутунопроизводителите не се задоволни и сметаат дека постојниот Закон за тутун за нив е дискриминирачки и ги става во подредена ситуација во договорањата со откупните претпријатија.

Инаку, тутунот од ланската реколта се откупи по просечна цена од 365 денари за килограм.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2024 19:20