На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречена е вкупно 181 меркa во контролите во областа на сообраќајот.

Како што информира МВР, 23 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 17 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење...

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2024 00:30