Рафаел Надал беше елиминиран од тенискиот турнир во Барселона со награден фонд од 2,938 милиони евра. Во средба од второто коло, поранешниот лидер во светската ранг-листа загуби со 5:7, 1:6 од Алекс де Минор за час и 52 минути игра.

Надал, кој е 12-кратен шампион на турнирот, дозволи решавачки брејк за 5:6 во првиот сет, по што Австралиецот успешно сервираше за водство во мечот.

Во вториот дел, четвртиот во главниот ждреб Де Минор имаше голема надмоќ и трипати го доби сервисот на Шпанецот, кој се наоѓа на 644. место на АТП рангирањето.

Во третото коло, Алекс де Минор ќе се соочи или со Даниел Алтмајер или со Артур Филс.

Рафаел Надал го одигра својот прв турнир од јануари кога стигна до четвртфиналето во Бризбејн.

Де Минор забележа втор успех во вкупно пет меча против шпанскиот тенисер кој има 67 успеси на 72 средби во Барселона.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2024 05:23