Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денес е поразена од Дебора Киеса од Италија со 2:0, два пати со по 6:4.

Ова беше меч од второто коло на ИТФ фјучрс турнир Копер W75 за награден фонд 60.000 долари.

Ѓорческа денес на истиот турнир во Словенија ќе игра и меч во двојки заедно со Андреа Миту од Романија. Нивни противнички во четвртфиналето ќе бидат Ивана Севестова од Чешка и Анастасија Константиновна Соболева од Украина.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2024 18:28