Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон откри дека сè уште нема намера да се пензионира.

Од следната сезона, возачот на Ферари откри дека има намера да вози уште неколку години, иако следната година ќе наполни 40 години.

- Имам намера да возам некое време. Сигурно ќе возам во 40-тите. Не се чувствувам како да имам 40 години, генерално се чувствувам одлично. Сигурно мислев дека нема да возам во моите 40-ти, но животот е толку лудо патување, рече Хамилтон.

Тој се осврна и на Фернандо Алонсо кој потпиша нов договор со Астон Мартин до 2026. Тоа значи дека Шпанецот ќе вози барем до 45 години.

- Не сум најстариот возач овде. Добро е што Алонсо е уште наоколу. Фернандо е еден од најдобрите возачи што сме ги имале во спортот и ни покажува дека се е можно. И тоа покажува дека пристигна нова ера на спортисти, во која човечкото тело може да направи се, особено ако е добро негувано, истакна Британецот.

Хамилтон и Алонсо ќе имаме можност да ги видиме на дело овој викенд во Кина, каде караванот се враќа по пет години.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2024 04:43