Ernesto Rafael Guevara de la Serna е роден на 14 Јуни 1928 година и е еден од најпознатите светски Марксистички револуционери и Кубански герилски водачи. Биле потребни повеќе од 30 години за да се открие гробот на Che, кој бил егзекутиран од страна на Боливиската војска, која го заробила на 9 Октомври 1967 година.

Сега по повеќе од 30 години, мистеријата е решена, Che е мртов, но тоа што не умира е легендата за овој голем револуционер. Токму кога се откри неговиот гроб, како иронија, комерцијалноста на оваа револуционерна икона воскресна. Одеднаш Che е шик! Годишнината од неговата смрт предизвикува френетична навала на нови книги, документарни и играни филмови за астматичниот Аргентинец, кој со силата на сопствената волја се трансформира во бестрашен компањеро на Fidel Castro. Како и другите гламурозни звезди кои умреле млади - на пример, James Dean, Che долго време беше симбол на бунтовништво и идеализам, засекогаш заглавен во времето. Но во денешнава постојано прилагодлиа потрошувачка култура, стариот револуционер се појавува како одлична трговска реклама.

Сега ликот на Che се користи за да се продава сe' - од рок музика и облека, до часовници Swatch и скии Fischer. Една од епизодите на "The Simpsons" дури прикажа и ноќен клуб наречен “Chez Guevara”. Che живее, навистина. Привлечноста на Che веќе не е ограничена само на остарените левичари. Него го сметаат за кул и помладата генерација. Рок-рап групата "Rage Against The Machine" го користи неговиот лик секогаш кога ќе и се укаже прилика, додека "Allstonians", ska бенд во Јамајка стилот, промовираше албум со една нумера "Doctor Che Guevara".

Но Che повеќе продава скии отколку ska. Последниве неколку години, продажбата на скиите "Revolution" на фирмата Fischer се зголеми четирикратно, делумно затоа што комбињата што го промовираат производот на скијачките терени низ светот се украсени со ликот на Che. Се до неодамна, ликот на Che се гледаше на маици и на ѕидовите во студентските домови. "Лабел", еден њујоршки бутик што ја снабдува урбаната младина, сега има постгранџ модна линија со фустани и кошули со војнички мотиви во стилот на Che, и веднаш се распродава. Револуционерот има и други свои инкарнации. Земето го, на пример Дневникот на Гевара, "Мотоциклистички дневници", од неговиот пат низ Јужна Америка во 1952 година со неговиот забревтан Нортон 500. Тој дневник доби олицетворение на филм, кој што доби и Оскар за најдобра оригинална песна на годинешните Оскари. Песната се вика "Al otro lado del rio", а неа на Оскарите ја претставија Antoniot Banderas и Carlos Santana.

Книгата посветена на Che стана неочекуван хит, па во САД и Англија се продадоа повеќе од 30.000 примероци додека во Италија книгата се продаде со над 80.000 примероци. Сево ова кажува дека времето на Che сеуште не е одминато. Воскреснувањето на Che како симпатична икона на поп-културата не им се допадна на сите, нормално. Кубанските изгнаници аргентинскиот герилец го сметаат за убиец и наметливец, одговорен за уништувањето на неговата татковина.

Самиот тој денеска би бил збунет поради растечката популарност која што ја има, но сепак, тој свесно ја создаде легендата, трансформирајќи го младиот Ernesto Guevara во неуморливиот Che. Мачеништвото го претвори него во инстант глобална икона, симбол на една генерација. Се' на се', легендата за него ќе постои уште долги години.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2024 06:42