Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон изрази задоволство од пласманот на второ место во Формула 1 спринтот за Големата награда на Кина.

- Секогаш кога доаѓам овде, луѓето ми даваат голема поддршка. Ова е најдобриот резултат што сум го постигнал по долго време. Јас сум многу среќен. Секако, не можеме да се натпреваруваме со Ред Бул, но ова е огромен чекор напред. Во овој краток период од трката научив многу за болидот, па со нетрпение го очекувам утрешниот ден, изјави Хамилтон за „BBC Sport“.

Верстапен, победи во спринтот, второто место го зазеде Хамилтон од Мерцедес (+13.043 секунди), трет беше Серхио Перез (+15.258) од Ред Бул.

Големата награда за кинеското Гран при ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2024 13:38