На 19.04.2024 околу 22.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, У.И.(38) од Скопје пријавил дека на бензинска пумпа на подрачјето на Кисела Вода во Скопје на предното ветробранско стакло на неговото патничко возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки бил оставен неиспукан куршум од автоматска пушка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2024 05:20