Сакате да потемните додека сте на одмор, но не сакате претерано да ја горите кожата? Решението не е во скапите масла, ниту во вештачките таблети, туку во овошјето и зеленчукот кои секојдневно ги купувате.

Направете си го овој пијалак неколку недели пред одмор, пијте го секој ден и очекувајте комплименти.

Потребно ви е:

1 морков

1 праска

1 парче свежа тиква или диња

1 јаболко

Подготовка:

Едноставно е, ставете ги сите состојки во соковник, а по желба може да додадете и други овошја заради подобар вкус. Додајте малку лимон заради витамин Ц и пијте го овој сок секојдневно пред појадокот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2024 06:03