Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен по денешната победа на трката во Формула 1 возена за Големата награда на Кина, ги пофали сите од тимот кои беа вклучени во подготовката на неговиот болид.
- Чувството е неверојатно. Бевме неверојатно брзи во текот на целиот викенд. Автомобилот беше задоволство да се вози на секаков вид гуми. Добро го преживеавме рестартирањето, а болидот возеше речиси како на шини, можев да правам што сакам со него. По ваквите викенди, има неверојатни чувства, а она што успеавме да го постигнеме на ова Гран при е навистина фантастично, изјави Верстапен за „Sky Sports“.
Сезонава Холанѓанецот победи на 4 од 5 трки.
Шестата етапа од Формула 1 ќе се одржи во Мајами (Флорида, САД) од 3 до 5 мај.