Сообраќајка се случила вечерва на регионалниот пат Велес - Градско, има повредени, сообраќајот е во прекин, потврдија од СВР Велес за МИА.
- Денеска во СВР Велес е пријавено дека во 17.10 часот на регионалниот пат Велес-Градско, во близина на исклучок за село Црквино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и товарно возило. Во незгодата има повредени лица кои со возило на ИМП се пренесени во Ургентен центар во Велес. Сообраќајот е во прекин поради вршење на увид на местото, рекоа од СВР Велес.
Оттаму не можеа да дадат повеќе детали за сообраќајката.