Еве еден рецепт за шпанска пита што е толку вкусна што веќе нема да сакате да пробате ниту една друга пита.

Состојки: 180 грама сланина

70 грама шунка

200 грама кашкавал (или свежа моцарела)

50 грама свежи пиперки (или печени)

4 јајца

7 маслинки

2 полни лажици просно брашно

3 полни лажици пченично брашно

2 полни лажици свинска маст

2 лажички прашок за печиво

Сол и бибер по желба (водете сметка затоа што сланината и солта веќе се солени)

Подготовки:

Прво исечкајте ги сланината и шунката на коцкички. Пропржете во сува тава затоа што сланината ќе ја пушти својата маснотија. Кога ќе се заруменат, тргнете ја тавата од оган, за малку да се оладат.

Исто така исечкајте ги и кашкавалот, пиперките и маслинките. Изматете јајца. Кога ќе се запенат додадете свинска маст и матете уште малку. Потоа ставете го просното брашно и прашокот за печиво а потоа и пченичното брашно. На крајот додадете ги сланината, кашкавалот, пиперките и маслинките.

Смесата ставете ја во плех обложен со харитја за печење и ставете го во загреана рерна. Печете на 220 степени околу 15 до 20 минути.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2024 05:13