Подводниот визуелен спектакл „Мермејд опен“ (Mermaid Open), познат и како Меѓународен натпревар за сирени во Шангај, Кина се одржа минатиот викенд. На него учествуваа стотина спортисти од Кина, Јужна Кореја и Казахстан.

Беа прикажани уметнички нуркачки вештини во неколку дисциплини, а натпреварувачките и натпреварувачите се оценувани во неколку категории.

Натпреварот се одржа во базен со 7.500 кубни метри вода и околу 50.000 риби во него, a двајца од јужна Кина се прогласени за шампиони - во женска и машка конкуренција, пишува „Шангај дејли“. Натпреварите со сирени станаа многу популарни во Кина последниве години, а за да го поттикне овој спорт, Океанскиот парк „Хајчанг“ во Шангај планира да организира серија настани и за претстојните празници во мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2024 04:59