[Photo]

За првомајските и велигденските празници во Дојран се очекува да престојуваат над 10 илјади туристи, соопшти градоначалникот Анго Ангов.

Според него, се бара место повеќе и сите капацитети се исполнети.

-Сакам да истакнам дека не само за празниците, туку од лани и од почетокот на оваа година расте бројот на туристи кои го посетуваат Дојран надвор од летната сезона. Ние сме подготвени да ги пречекаме сите посетители и да им го понудиме нашето познато гостопримство, рече градоначалникот Ангов.


За празниците во Дојран се очекува да престојуваат над 10 илјади туристи

Додава дека се зголемува бројот на сместувачките капацитети со обновување на тие коишто не биле во функција подолго време, а се градат и нови со што туристичката понуда на Дојран се зголемува.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2024 22:15