Преку игра и драматизација да се надмине стравот од вакницирање, вака денеска започна активноста, во рамки на кампањата за имунизација на децата, во градинката „Вера Циривири Трена“- Штип. Координаторката за имунизација на децата во ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип, Дијана Коцева- Миланова вели дека целта на оваа активност е преку драматизација , дечињата слободно и без страв да ги посетуваат амбулантите и да се вакцинират.
-Со цел да ја одбележиме европската недела на имунизацијата, во заедничка соработка со градинките организираме една работилница. Преку игра и симулација на процесот на имунизација дечињата се обидуваме да доаѓаат во нашите амбуланти и да не чувствуваат страв, рече Коцева-Миланова. Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“-Штип, Ивана Ангеличкова изјави дека имунизацијата е важен процес за заштита на здравјето кај децата.
-Всушност имунизацијата не е страшна, односно вакцинирањето не е страшно и децата не треба да се плашат од шприцеви, игли, затоа што тоа придонесува да тие бидат здрави деца, и да ги посетуваат нашите детски градинки. За запишување во градинка треба детето да има уреден вакцинален статус во моментот на запишување, рече Ангеличкова.
Миланова-Коцева посочува дека се задоволни од процентот на вакцинирани деца во Штип и регионот. Свеста е голема вели таа, додавајќи дека ова е причина поради која во овој регион нема заразени деца со голема кашлица.
-Ние сме задоволни од процентот на имунизација, конкретно на територија на Општина Штип изнесува над 90% , изјави Коцева-Миланова.