Завршија градежни активности за реконструкција со бехатон плочки на тротоарите на улиците „Димитар Влахов“ и дел од „Илинденска“ на еден од влезовите на Велес, од левата страна на градот, информира градоначалникот Марко Колев.

Во овој дел е поставена и нова заштитна ограда со цветни аранжмани со што се разубави влезот од оваа страна на градот.

Воедно тој најави дека дополнително, во наредниот период следи и реконструкција на коловозот која предвидува гребење на стариот и постилање на нов асфалтен слој.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2024 05:16