Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на ОВР Македонски Брод и ОВР Крушево каде одржа работни состаноци со раководствата на двете организациски единици, соопшти МВР.

ОВР Македонски Брод, велат од МВР, ги покрива Општините Македонски Брод и Пласница каде живеат околу 10 000 жители на прилично голема територија, додека ОВР Крушево ја покрива само Општина Крушево каде живеат околу 8 000 жители.

-Што се однесува до обемот на криминал и двете организациски единици бележат ниско ниво на евидентирани кривични дела и нарушувања на јавниот ред и мир. Од аспект на човечки ресурси има солидна пополнетост, а состојбата со возила и материјално-технички средства е лоша и во иднина треба да се инвестира во овој дел, рекол министерот Тошковски при посетите.

Тој додал дека објектот на ПК Самоков кој е во состав на ОВР Македонски Брод е во лоша состојба и поради несанирана кровна конструкција е без струја, за што од страна на началникот биле пишувани проблемски информации, но оти проблемот се уште постои.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2024 05:32