Ракометната федерација на Македонија изрази јавна благодарност да навивачите за поддршката на синоќешниот натпревар со Фарските Острови.

Македонија победи со 34:26 во реваншот од баражот за пласман на Мундијалот 2025.

- Ракометната федерација на Македонија упатува голема благодарност до сите кои безрезервно дадоа поддршка на машката репрезентација во победата над Фарски Острови. Во рамките на своите програмски определби РФМ како приоритет број 1 ги има промоцијата и унапредувањето на македонскиот ракометен спорт во меѓународни рамки. Честитки до сите македонски селекции кои обезбедија учество на континентално или мундијалско првенство, стои во соопштението на РФМ.

Покрај машката сениорска репрезентација, пласман на Светско првенство обезбеди и женската јуниорска репрезентација. На следните Европски првенства ќе играат женската сениорска, машката младинска (У-20) и машката кадетска (У-18) репрезентација



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2024 16:04