Регионалниот ЦУК - Битола информира дека од страна на Армијата - единици од Прилеп, денеска од 08:30 до 15 часот, на стрелиштето „Леково“ ќе се реализира бојно гаѓање. За таа цел се забранува секакво движење на лица и стока во реонот на стрелиштето, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

- Се предупредуваат сите лица кои доколку по завршувањето на гаѓањето, пронајдат неексплодирани зрна, односно проектили, да не ги фаќаат и за истото да се јават на 112 во ЦУК или МВР и командата на касарна Прилеп, појаснуваат оттаму.

Од ЦУК апелираат и на голема внимателност поради локални нагли метео-промени, особено при грмежи и молњи, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Изминатото деноноќие, како што е соопштено, евидентирани биле пожари на отворено во Кавадарци и во Велес.

- Велешките пожарникари гаснеле запалена ниска вегетација во градскиот парк во Велес, а пожарникарите од Кавадарци гаснеле неколку дрвја во близина на патот за село Ресава, додаваат оттаму.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2024 14:52