Вкупно 14 моторни возила специјализирани за противпожарна заштита се движеа по кавадаречки улици со пуштени светлосни и звучни сигнали, на тој начин беше одбележан денешниот ден на пожарникарите. Настанот беше организиран од Територијалната противпожарна единица.

Командирот на единицата Александар Чадамов потсети дека освен што гасат пожари, имаат и други технички интервенции, како тие при сообраќајни несреќи.

- Го формиравме и доброволното противпожарно друштво „Сашко Гешовски“, заеднички работиме на едукација на најмладите и учениците од основно и средно образование, околу превенцијата и противпожарната заштита, но и околу елементарните непогоди. Опремени сме добро, рече Чадамов.

Градоначалникот Митко Јанчев потсети дека е зголемен бројот на професионални пожарникари и сега ги има триесетина, а се осврна и на соработката со другите субјекти на полето на противпожарната заштита.

- Горд сум на пожарникарите, подвлече Јанчев, нагласувајќи дека континуирано се подобруваат условите за нивната работа.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2024 19:44