На плоштадот во Тетово денеска се одржа активноста „Отворен ден“, организирана од средните училишта во Тетово. Целта на училиштата беше полуматурантите да имаат можности да се запознаат со образованите програми кои ги нудат.
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами рече дека ваквиот вид активност има важна улога за да учениците подобро дознаат за одредени професии и програми.
- Има некои програми особено средното текстилно училиште, кои се многу атрактивни и интересните за учениците, но поради името, текстилно училиште, некои не сакаат да учат таму. Ова е нов пристап за да можат учениците од прва рака да ги земат информациите каде да го продолжат нивното образование. Во неколкуте училишта како што е текстилното, медицинско па и гимназијата има програми, некои професии кои се многу атрактивни, многу важни, и ова ќе биде една од можностите на учениците за направат одлука која ќе биде во интерес на градењето на нивната кариера и создавање на подобри услови за живеење за нив и за нивните семејства, изјави Биљал Касами.
Тетовскиот градоначалник смета дека со формирањето на нова влада ќе има поголема можност за унапредување и на условите во училиштата.
Во рамките на училиштата има потреби од услови, за да се развијат овие програми во делот на лаборатории, во делот на технички услови, просторни услови. Со минатата Влада општината немаше доволна соработка за да можеме да ги подобриме овие услови. Се надеваме дека со следната Влада соработката ќе ни биде подобра и да инвестираме нови школски згради, нови лаборатории, нови услови и учениците нивното знаење да го пренесат во пракса и да создаваме граѓани кои ќе придонесат за општеството и да ги задржиме во државата да не ни бегаат надвор, изјави Биљал Касами.