Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз во првото тримесечје од 2024 година изнесува 10.766.000 и во однос на истиот период од претходната година е намален за 17.2 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 22.2 %, во приградскиот превоз е намален за 13.1 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 6.6 %, а во меѓународниот превоз е намален за 32.6 %.

Во првото тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 12.0 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 1.6 %, во приградскиот превоз е намален за 8.6 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 14.2 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 27.7 %



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2024 20:01