Јапонскиот град Фуџикавагучико денеска постави голема мрежеста бариера на популарното место каде што туристите доаѓаат за да ја гледаат планината Фуџи. Потегот е обид да се одврати сѐ поголемиот број туристи во градот.
Можеби една од најпознатите туристички знаменитости во Јапонија може да се види во радиус од неколку километри наоколу, но на месното население во Фуџикавагучико веќе сериозно му пречат „прекумерно бројните“, претежно странски посетители кои фрлаат отпадоци, навлегуваат во приватен имот и ги кршат сообраќајните и други тамошни правила, само за да ја фотографираат планината и да го споделат тоа на интернет.
Непрописно паркирање, зафаќање тротоари, игнорирање на забраната за пушење - е само дел од непримерното однесување на туѓинците.
- Жалам што моравме да преземеме вакви мерки, изјави претставник на Градската управа.
Работниците денеска веќе ја поставија црната мрежа со димензии 2,5 на 20 метри