Со казна од шест милиони долари се соочува политички консултант кој организирал таканаречени роботски повици со гласот на американскиот претседател Џозеф Бајден за да бидат испратени до граѓаните во американската сојузна држава Њу Хемпшир.

Гласот - дело на вештачката интелигенција, беше искористен за да ги одврати гласачите да гласаат за Бајден - објави американската Федерална комисија за комуникации (FCC).

Повиците се упатени за време на партиските прелиминарни избори на кандидати за ноемвриските претседателски избори, а Стивен Крамер се товари за организирање на таа активност и за уште дваесетина кривични дела.

Крамер се соочува со 13 кривични пријави затоа што се обидел да одврати некого да гласа со користење на лажни информации. Нему му се заканува и 13 прекршочни пријави бидејќи лажно се претставувал како кандидат преку сопственото или туѓо однесување.

Набргу по прелиминарните избори во Њу Хемпшир, FCC забрани роботски повици што содржат гласови генерирани од вештачка интелигенција.

Федералната комисија за комуникации рече дека казната што ја предложи за Крамер е првата поврзана со употребата на генеративна ВИ-технологија.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2024 20:38