Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира дека оваа година доделуваат 1.800.000 денари финансиска поддршка за ФК Вардар.
Во објавата Стефковски пишува:
1.800.000 ДЕНАРИ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ФК ВАРДАР.
Со задоволство сакам да објавам дека општина Гази Баба оваа година доделува 1.800.000 денари финансиска поддршка за фудбалскиот клуб Вардар.
Вардар е национална гордост на Македонија и ја заслужува нашата поддршка.
Од срце за Вардар- пишува Стефковски.