Големите галеби кои крадат храна и грицки од рацете на туристите, се веќе „одомаќинети“ во Венеција, каде што има повеќе од 2.000 единки. Долги се до 65 сантиметри, co опсег на крилјата до 1,5 метар, а може да бидат тешки до два килограми.
Властите во познатиот туристички град во северна Италија објавија и интернет-прирачник за однесување со цел соживот со овој вид галеб. Овој прирачник е наменет пред сè за туристите кои не се навикнати на венецијанските галеби коишто слетуваат и на маси во потрага по храна, а понекогаш им ја крадат директно од рацете.
Така, еден од советите е туристите да не јадат храна на улица и да не ја фрлаат во отворена канта на улица.
Општина Венеција со години воведува разни мерки, како што е и пуштањето јастреби кои ги бркаат галебите, или звучни системи коишто ги вознемируваат овие птици - „напасници“. Снимен е и информативен филм за овие галеби