Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) ќе понуди парична награда за сите олимписки победници и освојувачи на медали на овогодишните игри во Париз, објави светското боксерско тело.
„Освојувачите на златен медал на боксерскиот турнир во Париз ќе добијат значителна финансиска награда од 100.000 долари. Од таа сума спортистот ќе добие 50.000 долари, нивната национална федерација 25.000 долари, а нивниот тренер 25.000 долари“, се вели во соопштението на претседателот на ИБА, Умар Кремљев.
ИБА, иако беше исклучена од олимпиското движење, вети бонуси за освојувачите на медали на Игрите во Париз, со што стана првото тело што го следи контроверзниот пристап на Светската атлетика, која, исто така, одлучи да ги награди олимписките медалисти со пари.
На чело на ИБА е Русинот Умар Кремљев со поддршка на руската енергетска компанија Газпром