Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Марија Митева и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски оствариле средба со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман.
На средбата, се наведува во партиското соопштение, се разговарало за идните чекори на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на стабилна влада и била потенцирана силната посветеност на трите главни постулати - борба против криминалот и корупцијата, забрзан економски развој и реформите неопходни за евроинтегративниот пат на државата.
- Претседателот Мицкоски се заблагодари на амбасадорката за поддршката која Швајцарија и ја пружа на Македонија од осамостојувањето до денес и со сигурност се потврди и соработката која ќе се продлабочува и проширува во иднина, се додава во соопштението