Дали за 120.000 евра санација на Хирургија која не е направена е колабиран цел здравствен систем?!

Министерот за здравство Илир Демири и заменик министерката Маја Манолева треба да кажат дали затоа што на време не направиле санација од 120.000 евра сега се блокирани 12 оддели на Хирургија и цел здравствен систем е во хаос?

Зошто милиони се одвојуваа за матни тендери, се местеа провизии за вакцини од десетици милиони евра, се крадеше на терапии за рак, а не се најдоа 120.000 евра за санација на Хирургија?

Како е можно СДС и ДУИ да имаа пари за секакви матни зделки и тендери, а да немаа 120.000 евра за санација на проблемот на Хирургија?

Имајќи го во предвид однесувањето на СДС и ДУИ станува јасно дека можеле, а не го решиле проблемот на Хирургија.

СДС и ДУИ свесно го блокираа цел здравствен систем. Одговорност за хаосот на Хирургија ќе има.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2024 17:57