Одложената борба меѓу поранешниот апсолутен светски шампион во бокс Мајк Тајсон и блогерот Џејк Пол би можела да се одржи во октомври, најавија денеска од таборот на Тајсон.

„Борбата би можела да се одржи во октомври. Мајк Тајсон нема сериозни здравствени проблеми, но му треба време да се закрепне“, изјави претставник на Тајсон.

Борбата требаше да се одржи на 20 јули, но беше одложена поради здравствените проблеми на Тајсон.

Поранешниот светски шампион, кој на 30 јуни ќе наполни 58 години, има 50 победи (44 со нокаут) и шест порази во професионалниот ринг.

Од друга страна, 26-годишниот Пол има девет победи, од кои шест со нокаут, и еден пораз. Во професионалниот ринг се натпреварува од јануари 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2024 21:43