Децентрализацијата во здравството е клучна работа, без тоа здравството не може да функционира, рече доктор Синиша Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.
„Има други системи и во соседството кои функционираат и тие се основаат на стратегии, не може да се функционира во здравство од ден во ден. Во моментов сме на крстопат кој не води никаде, и мора да се покаже намера за подобрување. Во спротивно и оние кои малку се надеваат дека ќе има подобро здравство“, кажа Стојаноски.
Според него проблемите со кои е натрупано здравството се последица од една пракса на непонесување одговорност и казнивост.
„Ако почнеме да делуваме во функционалност на целиот систем, ако се понесува одговорност и постои чувство ако како функционер не исполнил нешто ќе одговара е тогаш ќе видите како ќе се почитува системот“, вели Стојаноски.
Стојаноски укажа дека е потребно функционирање на сите делови во здравствениот систем.
„Ние кога зборуваме за здравство не мислиме само на лекарите, туку на сите чинители. Професионалноста треба да биде единствен балансер и тоа се реализира само со транспарентност“, кажа Стојаноски.
Стојаноски укажа дека здравството е во стадиум во кој нема простор за грешка.
„Ние не смееме да каскаме зад здравствените системи во регионот, па и пошироко. Функционалноста мора да биде на прво место, а тој може да биде функционален само ако има транспарентност“, посочи Стојаноски.