Дарио Ивановски и Андреас Трајковски ќе бидат македонските претставници на Европското атлетско првенство на отворено кое од 7 до 12 јуни ќе се одржи во Рим, соопшти Атлетската федерација на Македонија (АФМ).
Ивановски ќе настапи во дисциплината полумаратон, со претходно остварена норма на маратонот во Севиља со време од 2:08:26, додека Трајковски ќе настапи во неговата дисциплина скок во далечина, со обезбедена норма преку ранкинг системот.
Прв на програмата ќе настапи Трајковски кои ќе се појави во квалификациите закажани за 7 јуни со почеток во 12:55 часот.
Полумаратонската трка на која ќе настапи Ивановски е на програмата на 9 јуни со почеток во 9 часот.