Трикратната победничка на Ролан Гарос, Полјакињата Ига Швјонтек и актуелната победничка на УС Опен Коко Гауф ќе се борат за пласман во финалето на парискиот Грен слем турнир, откако во четвртфиналето ги победија своите ривали, Маркета Вондрушова од Чешка и Тунижанката Онс Џабер.

Во првото четвртфинале, 20-годишната Американка ја победи девет години повозрасната Џабер со 4-6, 6-2, 6-3 и на тој начин стигна до своето второ полуфинале на Ролан Гарос, каде го освои трофејот во 2022 година.

Швјонтек продолжи да ги „гази“ своите ривалки. Откако во осминафиналето за 40 минути ја совлада Русинката Анастасија Потапова без загубен гем, полската тенисерка попладнево рутински ја совлада актуелната победничка на Вимблдон и шесто рангирана тенисерка во светот, Маркета Вондроушова, препуштајќи и само два гема на дуелот кој траеше 62 минути.

Полуфиналниот меч меѓу тенисерките број еден и број три во светот ќе биде нивни 12-ти дуел, а во претходните 11 Швјонтек има 10 победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2024 01:33