„Добро е што на ДУИ му останува можноста само да зборува и да делува опозиција во рамки на институции и нашето ветување дека ДУИ ќе оди во опозиција по изборите го реализираме”, истакна пратеничката и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева во „Анализа 24” на ТВ24.

Таа продолжи и додаде:

„Не ме изненадуваат ваквите зборови кои ги користи ДУИ. Ние изминативе години бевме сведоци на нивни изјави, но резултатот по изборите кажа дека тоа време завршува и дека е дојдено време каде ќе владее правото и ќе има трансформација на Македонија во позитивна смисла”, рече Митева.

Таа е децидна дека е возможно да функционира системот.

„Во Македонија е возможно да има функционален систем и институции кои ќе ја гарантираат безбедноста и стабилноста и сигурноста на граѓаните на Република Македонија”, вели Митева.

Таа продолжи и додаде:

„Токму СДС со цел да ја зачува сопствената власт преку која се грижеше само за личните интереси и се обидидуваше да го продлабочи криминалот до невидени размери успеа да ги направи поделбите за кои ние денеска дискутираме”, изјави Митева.

Таа кажа дека поради ваквото политиканство изминативе 7 години се наоѓаме во ваква ситуација во која сме.

„Изминативе 7 години поради ваквото политикантство, поделба и нерешавање на клучните работи кои ќе го подобрат животот на граѓаните ние сме доведени во состојба во која сме доведени”, заклучи Митева.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2024 04:08