До 2027 година кинескиот град Гуангжу ќе инвестира повеќе од 10 милијарди јуани или околу 1,29 милијарди евра во таканаречениот сектор „економија на ниски височини“, односно во пилотирани и автономни цивилни авиони што летаат на височини до три илјади метри.

Меѓу другото, парите ќе бидат инвестирани во изградба на повеќе од 100 места за полетување и на летечки такси, а планот е да се изгради аеродром со писта која ќе биде пократка од онаа на цивилните аеродроми.

-Плановите ги одржуваат високите очекувања на Пекинг за развој на нов сектор кој сака на овој начин да ја стимулира кинеската економија, јавија јапонски медиуми



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2024 04:24