„Со силен фокус на тоа што значи реформа секој во својот сегмент со добра координација многу посветеност и чесност ќе успееме да ја вратиме Македонија на она ниво на кое сакаме да ја видиме а тоа е просперитерна, развојна и европска Македонија”, истакна пратеничката и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева во гостување во „Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа.

Таа продолжи и додаде:

„Страшниот криминал и корупција го разниша системот на Македонија и неспособноста која ја демонстрираа СДС и ДУИ”, рече Митева.

Таа посочи дека СДС им дозволила сѐ на ДУИ само за да се на власт.

„Факт е дека ние предолго време поради реториката на ДУИ и онаа политика на СДС да дозволат сето тоа да се случува само заради една единствена цел за да останат на власт се доведе во ситуација да имаме проблеми и поделби во општеството”, вели Митева.

Таа потенцираше дека за многу брзо од денес кога ќе се официјализира новата влада ДУИ ќе е во опозиција.

„Наративот на ДУИ е нешто кое континуирано се случува изминативе години додека имаа огромни скандали позади себе за корупција тие се обидуваа да ја заробат темата дека се легитимни претставници на Албанците во Македонија и без разлика колку тоа беше тешко успеавме од почеток до крај да ја разобличиме таа слика која се обидуваа да ја презентираат во јавноста”, заклучи Митева.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2024 12:50