Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на трката за Големата награда на Канада возена вечерва на патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал.

Актуелниот светски шампион во Формула 1 стартуваше од втората позиција. За него оваа победа беше шеста сезонава.

Втор заврши Ландо Норис од Мекларен, со заостанување од 3,879 секунди зад лидерот. Третото место му припадна на возачот на Мерцедес Џорџ Расел (+4.317), кој имаше пол-позиција. По него беше неговиот тимски колега Луис Хамилтон (+4,915).

Во Генералниот поредок за возачите Верстапен е лидер со 194 бодови. Втор е Леклер од Ферари со 138, трет Норис со 131.

Кај конструкторите Ред Бул е прв со 301 бод, Ферари собра 252, Мекларен Мерцедес е трет со 212.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2024 03:42