Невреме ја зафати попладнево општина Неготино, со дожд и силен ветер. Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов за МИА изјави дека според првичните информации, нема поголеми штети.

- Едно дрво е уништено од невремето во центарот на градот и веднаш беше пристапено кон расчистување на теренот. Се следи состојбата и ќе се интервенира соодветно, секаде каде што евентуално би имало потреба од општинска поддршка и помош, нагласи тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2024 03:08